Новоизбраниот реис на ИВЗ, Фетах Шаќири изјави дека ќе се залага за поголема транспарентност во работата на ИВЗ.

Зголемувањето на транспарентноста ќе биде направено преку отвореноста и добрата волја за соработка со медиумите.

Според Шаќири, медиумите не треба да бидат неинформирани или делумно информирани за работата на ИВЗ, туку дека раководството ќе биде задолжено да дава поголема отчетност за својата работа во јавноста обезбедувајќи им на медиумите изворни податоци.

Со однос на скандалозниот говор на претходниот реис на ИВЗ, Сулејман Рецепи во кои тврдеше дека корона вирусот е мртов, новиот реис порача дека тие се верска институција и ниту се надлежни, ниту се компетентни да изјавуваат што било поврзано со вирусот.

претходниот член,Испливале докази дека член на претседателство на БиХ издавал државјанство на мигранти – џихадисти
Следната статијаДеценискиот спорт помеѓу Србија и Косово пред затворање

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде