Научниците во Италија пронашле траги од коронавирусот во отпадните води собрани од Милано и Торино во декември 2019 година, што сугерира дека Ковид-19 веќе циркулирал во северна Италија пред Кина да ги објави првите случаи.

Италијанскиот национален институт за здравство (ИСС) испитал 40 примероци од пречистителна станица за отпадни води во северна Италија помеѓу октомври 2019 и февруари 2020 година.

Во анализата објавена доцна синоќа се вели дека примероците земени во Милано и Торино од 18 декември покажале присуство на коронавирусот.

– Ова истражување може да ни помогне да го сфатиме почетокот на циркулирањето на вирусот во Италија, изјави Џузепина Ла Роса, експерт за еколошки отпадни води во Италијанскиот национален институт за здравство, кој учествуваше во истражувањето, се вели во соопштението во кое детално се опишани резултатите од истражувањето.

Помалите студии кои ги работеле научни тимови во Холандија, Франција, Австралија и други земји откриваат знаци дека вирусот што го предизвикува Ковид-19 може да се открие во канализацијата, а многу земји почнуваат да користат истражувања на отпадни води за да го следат ширењето на болеста.

Кинеските власти ги потврдија првите случаи на крајот на декември. Првиот случај на Италија беше во средината на февруари.

Извор: sitel.com.mk