Швајцарија денеска гласа на референдум за тоа дали да го раскине договорот со ЕУ за слободно движење на луѓето.

Референдумот се споредува со кампањата за брегзит во Велика Британија, што доведе до одлука на државата да го напушти блокот.

Швајцарската Влада ги повика гласачите да речат „не“ за напуштање на договорот на референдум, а министерката за правда Карин Келер Сатер процени дека тоа ќе создаде ситуација „полоша од Брегзит“.

Предлогот за раскинување на Договорот за слобода на движење на луѓето со ЕУ дојде од крајно десничарската антиимигрантска Швајцарска народна партија, која тврди дека на земјата мора да и се дозволи да постави ограничувања на бројот на странци кои доаѓаат во Швајцарија

Сепак, анкетите предвидуваат дека предлогот нема да биде прифатен, а според едно истражување, 63 отсто од испитаниците се против тој предлог.

Извор: Сител

претходниот член,Белоруската влада ги обвини западните држави за сеење на хаос и анархија во земјата
Следната статијаПознатите очила на Џон Ленон на продажба, а цената вртоглаво расте поради големиот интерес за купување

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде