Наставниот модел за ова учебна година за основни и средни училишта се уште не е усвоен.

Во моментов владата во соработка со Делегација на ученици работи на прилагодување на наставниот модел и негово развивање и усовршување, што значи дека само 9 дена пред учебната година, конечен наставен модел нема.

СЗО и УНИЦЕФ на состанокот во Женева, Швајцарија донесоа одлука децата над 12 години задолжително да носат заштитни маски во затворени простории.

До сега не се препорачуваше децата до 18 години да подлежат на такво задолжување, но со новата одлука на СЗО и на УНИЦЕФ од задолжението за носење на заштитна маска се исклучуваат само децата од 6 до 11 години.

Тоа значи дека во оние одделенија каде што учат ученици до 11 години нема да имаат обврска во школите да носат заштитни маски.

Но во поодминатите одделенија и класови, учениците ќе мора да го почитуваат наставниот протокол кој, пак, е во согласност со општите стручни препороаки на СЗО и УНИЦЕФ.

Извор: МИА