дома информација вест На пратениците не им одговара предлог за укинување на патните трошоци

На пратениците не им одговара предлог за укинување на патните трошоци

901
0

Патните трошоци и нивната злоупотреба се главните теми кои ја гневат јавноста поради нивната злоупотреба.

Поранешната пратеничка Силвана Бонева е обвинета за злоупотреба на патните трошоци, а на листа на оние кои правеле малверзации се наоѓаат и други поранешни пратеници.

Поради тоа владата најави дека ќе побара укинување на патните трошоци за пратениците и минимализирање на трошоците на што пратениците, особено собранискиот спикер – реагираа.

Ако Владата побара  укинување на патните трошоци за пратениците, спикерот Џафери најави дека ќе возврати со барање за одземање на службените возила за сите владини функционери за кои ќе подготви и паркинг за тротинети пред Собраниската зграда.

Џафери со ваква закана возврати на најавата од Заев за можно укинување на трошоците за гориво и патарини за народните избраници.

Извор: Сител / Фото: Нова Македонија