Светска Банка нагласува дека последиците од пандемијата предизвикана од КОВИД19 се сериозни и загрозувачки по економската состојба на глобално ниво.

Забележан е најголем пад на економијата од Втора светска војна поради воведување на мерки за заштита на колективното здравје.

Според прогнозите на Светска банка глобалниот раст ќе падне за 5,2% ова година што значи дека годинава на глобално ниво ќе има најголема рецесија сметано од Втора светска војна заедно.

Покрај пад на глобално ниво, одредени земји ќе доживеат најголем пад на БДП по глава на жител сметајќи од 1870 година, стои во соопштението „Глобални економски перспективи“ на Светска банка.

Во извештајот се наведува дека најсино погодени ќе бидат оние држави кои каде пандемијата е најобемна и кои се потпираат на глобалната економија, туризмот, извозот на стоки и надворешни извори на финансирање.

Извор: МИА