дома информација вест Намалување на процент на нови заразени со КОВИД19 во Македонија во изминатите...

Намалување на процент на нови заразени со КОВИД19 во Македонија во изминатите 7 дена

760
0

Се намалува бројот на активни случаи по скопските општини: Чаир – 117, Гази Баба – 112, Аеродром – 104, Карпош – 91, Центар – 91, Кисела Вода – 98, Ѓорче Петров – 58, Бутел – 68, Шуто Оризари – 37 и други.

Министерството за здравство вчера информираше дека во изминатите седум дена е намален бројот на новопотврдени и процентот на позитивни на Ковид-19.

Од 17 до 23 август се направени 11.129 тестирања на коронавирусот, а вкупно се регистрирани 839 нови позитивни случаи од 29 градови во државата, што е намалување од 7,0 отсто, во однос на минатата недела. Најголем дел, односно 33,5 отсто се од Скопје.

Во овој период, бројот на новопотврдени случаи е под 20 лица, во 16 града во земјата. Експертите предвидуваат нов бран на корона вирус што ќе донесе нови мерки за здравствена заштита.

Извор: Сител