Поранешниот министер за безбедност на Босна и Херцеговина, а сега и пратеник во парламентот, Драган Мектиќ ја згрози јавноста со објавата на снимка од неговата „пена-забава“ на реката Укрина.

Мектиќ организираше забава на реката, со посебни „топови“ за правење на вештачка пена и со тоа ја загади реката.

Поради тоа, од инспекторатот на Република Српска било побарано да се истражи случајот, а од водовод наложиле земање на примероци од водата за анализа.

Истрагата треба да покаже колкав е степенот на загадувањето на реката и штетата по природната околина која босанскиот министер ја предизвикал поради своите инструменти за забава.

Извор: kanal5.com.mk

претходниот член,Интервју со Душко Миновски: Генезата на дискриминацијата првично се гледа во семејните односи и воспитувањето
Следната статијаАнгела Ѓорѓиевска во ниту еден момент не покажала каење за убиството на Пино Секондо

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде