Првата дама на САД , Меланија Трамп се пофали на Твитер за реновирање на градината во резиденцијата на Белата куќа, позната како Rose Garden.

Изгледот на градината првично е дизајниран од Џеки Кенеди во раните 60-ти. Шарени лалиња, рози, дрвја од магнолија и јапонски цреши се одликуваа совршено во комбинација со белите sидови на претседателската резиденција.

На Американците воопшто не им се допадна новиот изглед на Роуз Гарден, а своето незадоволство го искажуваат на социјалните мрежи.

„Меланија Трамп ја направи Роуз Гарден да личи на нејзиното семејство – студено и празно“, „Рајот се претвори во паркинг“, „Обидот и работата на славната Џеки Кенеди што успеавте целосно да ја уништите. Кој друг денес сече дрвја?“, се само некои од коментарите на лутите Американци.

Извор: Канал5

претходниот член,Монструмот кој уби и рани стотина луѓе во две џамии во Нов Зеланд и тоа го снимаше за фејсбук, изведен пред лицето на правдата
Следната статијаАнтонијо Милошоски ќе биде гонет за злоупотреба на службена должност за 50.000 евра

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде