дома информација вест Мал број на училишта кои побарале реализација на настава со физичко присуство

Мал број на училишта кои побарале реализација на настава со физичко присуство

907
0

Досега 36 училишта, од кои 15 се средни и 21 основно, поднеле барања за дозвола да организираат настава со физичко присуство.

Денеска истекува докот за доставување на барањата, кои ги разгледува владина комисија, по што ќе даде конечна оценка дали можат да огранизираат настава со физичко присуство согласно здравствените протоколи за фунционирање во време на КОВИД-19 пандемија.

Ова е мал број на училишта кои побарале да се реализира настава со физичко присуство.

Владата тврди дека постои инструмент за успешно реализирање и на наставната програма преку далечинско учење.

Сепак се остави простор училиштата самостојно да побараат да се реализира настава со физичко присуство доколку се сигурни дека може да ги спроведуваат доследно протоколите и имаат услови за тоа.

Но со однос на статистиката, тој број на училишта е исклучително мал. Мислењата на јавноста за реализирање на настава со физичко присуство беа поделени.

Според некои единствен прифатлив начин за реализирање на успешна настава е настава преку физичко присуство и дека настава преку далечинско учење ќе значи целосно пропадната учебна година за учениците.

Други, пак сметаат дека здравјето на учениците и вработените по училиштата треба да е приоритет и дека не треба да се изложуваат на ризик од зараза учениците.

Извор: Сител