дома информација вест Лаборатории во три европски земји потврдија дека Навални бил отруен, само руските...

Лаборатории во три европски земји потврдија дека Навални бил отруен, само руските токсиколози го отфрлаат тоа обвинение сметајќи го за политички инструирано

920
0

Главниот токсиколог на регионот Омск, Александар Сабајев, вчера ги отфрли обвинувањата на три референтни европски лаборатории за труење на рускиот опозиционер Алексеј Навални со нервниот агенс, велејќи дека тие тврдења не одговараат на неговата клиничка слика.


Сабајев тврди дека, од гледна точка на медицината базирана на докази, нема докази дека Навални бил отруен во моментот кога бил хоспитализиран во Омск во август.

На Навални му се слоши на 20 август во Русија, во авион, по што беше пренесен во Германија, од тогаш се лекуваше на клиниката „Шарајт“ во Берлин.

Клиничката слика на пациентот не покажува знаци на труење. Нема знаци на труење ниту во неговата дијагноза ниту за време на болеста – рече Сабаев, додавајќи дека примероците биле тестирани и во руски лаборатории.

Во телефонскиот разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, рускиот претседател Владимир Путин рече дека неосновани обвинувања против Русија во врска со хоспитализацијата на Алексеј Навални се несоодветни, се вели во соопштението на Кремљ.

Претходно, вчера попладне, Шведска и Франција го потврдија наодот објавен од Германија пред неколку дена, дека Навални бил отруен со нервен реагенс. Според германскиот дневен весник „Франкфуртер алгемајне“, лабораториите во сите три земји дошле до истиот заклучок и имаат докази за тоа.

Извор: Novosti.rs