дома информација вест Корона вирусот сериозно го оштетува мозокот и ги нарушува когнитивните процеси

Корона вирусот сериозно го оштетува мозокот и ги нарушува когнитивните процеси

532
0

Главоболка, конфузија и делириум што ги доживеале некои од заболените со ковид-19 може да бидат резултат на директно продирање на коронавирусот во мозокот, според резултатите од студијата објавена вчера.

Истражувањето е прелиминарно, но обезбедува неколку комплети докази во прилог на досега непотврдената теорија.

Според истражувањето предводено од имунологот Акико Ивасаки од универзитетот Јеил, вирусот е способен да се размножува внатре во мозокот и неговото присуство одзема кислород од околните мозочни клетки, но степенот на појавата сè уште не е јасен.

Ендру Џозефсон, раководител на Одделот за неврологија на Универзитетот во Сан Франциско ,Калифорнија, ги пофали техниките што се користеле во истражувањето и рече дека е „исклучително важно да се утврди дали постои или не директно дејство на вирусот во мозокот“.

Извор: Канал5

претходниот член,ЕУ и Велика Британија пред сериозен спор околу „Брегзит“
Следната статијаБрза реакција на таксистка спаси живот на отруена соседка

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде