дома информација вест Комисијата за заразни болести вчера предложила сите да се вратат на работа...

Комисијата за заразни болести вчера предложила сите да се вратат на работа и животот во Македонија целосно да се врати во нормала

865
0

Како што соопштија од Министерството за здравство, Комисијата за заразни болести вчера предложила враќање на работа на хронично болните лица, освен за оние кои имаат извештај од специјалист за влошување во рамки на болеста.

За работничките кои се на продолжено породилно отсуство, отсуството ќе трае до 31 декември. Исто така, продолжува и ослободувањето на бремените жени од работа.

За родителите со деца до 10 години, ќе се одлучува на следниот состанок на Комисијата, предвидува Предлог-одлуката што ќе биде доставена до Владата на разгледување.

Според ресорниот министер Венко Филипче, и покрај препораката хронично болните да се вратат на работа, најризичните категории и натаму остануваат заштитени.

Извор: Сител