дома информација Колку доследно се спроведува Закон за заштита на потрошувачите во Македонија?

Колку доследно се спроведува Закон за заштита на потрошувачите во Македонија?

1310
0

Според Закон за заштита на потрошувачите (Сл. весник на Р. Македонија бр.38/4 од 17.06.2004 година) се дефинирани односите на пазарот, особено односите помеѓу потрошувачите и корисниците на услугите и оние кои ги нудат услугите и произведувачите на производот што се троши.

Вториот дел од Законот за заштита на потрошувачите предвидува право на информираност, наметнувајќи му на трговецот обврска да издаде неопходни информации за производот или типот на услуга што го нуди. Колку е поголема транспарентноста на трговецот, толку е и поиспочитувана правната рамка кои ги регулира и посредува односите помеѓу потрошувачите и трговците или корисниците на услугите и нудителите на услужните дејности.

Недостаток од информации

Често се среќаваат голем број на активни трговци кои континуирано работат нудејќи ги своите производи и услуги, но доколку побарате информации за типот на услугите кои ги нудат нема да можете да наидете на јавно достапни податоци, ниту нивно лого, редовно ажурирана страница на социјаните мрежи, или web платформа на која даваат отчет пред јавноста и пред своите потенцијални или актуелни корисници на услугите.

Од една страна се работи за неетично постапување кон јавноста осиромашувајќи ја за информации кои се неопходни а од друга страна се става под сомеж за која категорија на корисници на услуги е наменета услугата? Ако наидете на трговци кои не пласираат информации до јавноста и не се трудат да ги стимулираат потрошувачите и корисниците на услугите да ги користат токму нивните услуги од каде обрт на средства во таа компанија и од чии пари тие се финансираат и опстојуваат? Каде ги наоѓаат своите клиенти? Дали прават таргет на клиентите и со тоа праваат селекција и дискриминација во пристапот на користење на услуги на пазар кој е слободен и отворен? Дали можеби Управата за финансиско разознавање треба да го прошири својот обем на работа и да се позанимава со приходите во фирмите и во однос на начиниот на кој тие се прибираат?

Извојани примери

При потрага по примери кои ќе овозможат да разбереме за што станува збор наидовме на еклатантен пример за фирма која е активна, но „работи во сенка“ и сосема нетранспарентно.

Имено, Нова Груп Дом Дооел е компанија која е регистрирана неодамна и на јавноста за прв пат се претставува преку комерцијална објава на „24.mk“ во која објава се дадени информации за тоа дека се работи за фирма која нуди услуги за „чистење и одржување“ на поголеми и помали стамбени и деловни простори. Во кусата објава се наведени и линкови од нивните инстаграм и фејсбук страници за повеќе информации. Не е јасно зошто изборот на сопствениците или менаџментот е да пуштат само 1 комерцијална објава во медиуми и по кој критериум го направиле изборот токму на тој медиум, а не на некој друг.

Но, доколку ги отворите нивните инстаграм и фејсбук страници ќе забележите дека ниту редовно се ажурираат, ниту во нив можете да најдете било каква содржина која е поврзана со нивната дејност. Фејсбук страницата има само 7 следбеници, а ако се обидете да ги контактирате преку апликацијата месинџер и да им укажете на тоа дека нема податоци за нивната работа доволно и сакате да се информирате како потенцијален корисник на услуги, може да се случи и да ве блокира администраторот.

Останува отворено прашањето кому ова компанија им ги нуди своите услуги, ако не се достапни за своите корисници?

Единствен јавен проглас кој го има компанијата е лична фејсбук страница на А.Н-С и В.С кои очигледно по јавно достапните податоци на фејсбук се сопственици на фирмата или вработени во неа. Тие на својот тесен круг на пријатели на фејсбук им ги презентираат своите услуги повеќе од позиција на фалбаџиство отколку од позиција на луѓе кои реално сакаат да ги продадат своите услуги на пазарот.

Нова Груп Дом Дооел е само еден таков еклатантен пример, веројатно ќе наидете на многу такви.

Каде да се обратите доколку процените дека вашите потрошувачки права се загрозени?

Во Македонија постојат Здруженија за правата на потрошувачите кои даваат бесплатна правна подршка доколку добијат пријава по која треба да постапат.

Исто така постојат и инспекциски служби чиј контакт е јавно достапен и можете да го пронајдете на пребарувачот „Google“.

Законот за заштита на потрошувачите може доследно да се спроведува само доколку се пријавуваат повреди на законот по кои надлежните може да постапат. Во поинаков случај службите не може да работат самостојно без подршка од граѓаните.

Магдалена Стојмановиќ