Перу го отвори Мачу Пикчу само за еден јапонски турист, кој чекаше скоро седум месеци за да влезе во архитектонскиот древен комплекс на Инките.

На Џеси Такајама му беше дозволено да ја види историската знаменитост благодарение на специјалното барање коешто го упати.

Од средината на март, тој е блокиран во мал град, кој се наоѓа во долината кај Мачу Пикчу.

Тој пристигна во Перу со цел да си го оствари сонот, соопштија перуанските власти, кои сооопштија дека во ноември ќе биде отворен комплексот и за домашни и за странски туристи. Ќе бидат дозволени само 30 отсто од вообичаениот капацитет.

Мачу Пикчу во нормални услови го посетуваа 675 луѓе на ден.

Извор: Канал5