дома информација вест Кинезите повторно го победија корона вирусот, во Вухан отворени школи и градинки

Кинезите повторно го победија корона вирусот, во Вухан отворени школи и градинки

721
0

Со заштитни маски на лицето, учениците денеска се вратија во училиштата во Вухан, градот каде првично избувна епидемијата на коронавирус.

Вухан сега, за прв пат по седум месеци, ги отвори сите училишта и градинки и по втор пат откако беше забележано ширење на инфекцијата од корона вирусот Кинезите успеаа да го стават под контрола со својата дисциплина и придржување кон мерките за здравствена заштита.

Државните медиуми објавија слики од илјадници ученици кои носат или се фотографираат пред кинеското знаме, пред враќањето во училишните клупи, пишува АФП.

Властите ги советуваа учениците да носат заштитни маски и, доколку можат, да избегнуваат патување со автобус и воз.

Извор: Нова Македонија