дома информација вест Карантин како мерка за заштита од корона вирус се враќа на сила...

Карантин како мерка за заштита од корона вирус се враќа на сила кај се поголем број на земји низ светот

907
0

Поради забрзаното зголемување на бројот на нови случаи КОВИД-19, премиерот на Велика Британија Борис Џонсон размислува за воведување нов карантин во земјата.


Според Ројтерс, бројот на нови инфекции во Велика Британија се зголемува за најмалку 6.000 на ден, а бројот на пациенти кои се примени во болница поради КОВИД-19 се удвојува на секои осум дена.

Крис Вити, главниот медицински експерт на британската влада, се очекува на денешната прес-конференција да објави дека земјата е во критична точка на пандемија пред многу предизвикувачкиот зимски период.

Министерот за транспорт Грант Шнапс рече дека сите мерки за карантин треба да бидат добро избалансирани и дека на компаниите ќе им биде дозволено да функционираат за да може земјата да ја издржи економски кризата, а училиштата да продолжат да работат.

Извор: Танјунг