Белоруската опозиционерка Марија Колесникова, која наводно била киднапирана во центарот на Минск во понеделникот, преминала во Украина во вторникот наутро.


Претставникот на белоруската гранична служба Антон Бичковски изјави дека утрово Марија Колесникова и уште двајца членови на Координативниот совет на опозицијата, Иван Кравцов и Антон Роденков ја преминале границата со Украина.

Интересно е што пред тоа белоруската агенција „БелТа“ објави дека Марија Колесникова се обидела илегално да ја премине границата со Украина, па граничните власти ја приведоа.

Во понеделникот, многу медиуми пишуваа и велат дека Марија Колесникова била киднапирана околу десет часот наутро во центарот на Минск.

Неколку лица во цивилна облека насилно ја турнале во минибус и ја однеле во непознат правец тврдеа тогаш медиумите во Белорусија.

Извор: Novosti.rs

претходниот член,Неколку значења на изјавата „Те сакам“
Следната статијаЕве кои животни се најсоцијални и имаат најголема потреба од вас

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде