дома информација вест За некои мајка за некои маќеа, посети на Инфективна дозволени за функционери...

За некои мајка за некои маќеа, посети на Инфективна дозволени за функционери на ДУИ

45
0

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во придружба на Неџати Јакупи инаку директор на Клиника за торкална хирургија биле на посета кај Талат Џафери на Клиника за инфективни болести.

Талат Џафери пред неколку дена беше примен на Клиника за инфективни болести по влошување на неговата здравствена состојба по утврдување дека е позитивен на корона вирус.

Двајцата гореспоменати се функионери на ДУИ и се лекари по професија кои својот работен ангажман во клиниката го искористиле за посета на нивниот колега.

Познато е дека од почетокот на епидемијата, посетите на Клиника за инфективни болести се целосно забранети.

Функционерите на ДУИ освен тоа што искористиле можност својот работен ангажман да го претворат во приватна посета на нивниот „омилен пациент“ не се воздржале и тој момент да го фотофрафираат и споделат на социјалните мрежи.

На фејсбукот на Бујар Османи, фотографијата од посетета беше насловена со „Еднаш борец, засекогаш борец“.

СРЕДЕ ПАНДЕМИЈА НА КОВИД-19, ОСМАНИ И ЈАКУПИ ГО ПОСЕТИЈА ЏАФЕРИ НА ИНФЕКТИВНА КЛИНИКА ИАКО ПОСЕТИТЕ СЕ ЗАБРАНЕТИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде