Вчера на патот Струмица-Штип на клучката кај Радовиш се случила сообраќајна незгода во која животот го загубиле 2 мигранти од Сирија.

До сообраќајна незгода дошло откако возило „Ауди Q7“ удрило во запрено товарно возило од страна на полициски службеници.

Во автомобилот биле превезувани 12 мигранти од Сирија. Еден од нив починал на место на настанот, другиот во медицински центар во Штип додека неколку од нив се здобиле со тешки телесни повреди.

Незамисливо е како 12 мигранти успеале да бидат ставени во една кола и да бидат превезувани на долги патеки. Мигрантите не бираат средства да се превезат до земјите од Западна Европа а често на својата „одисеја“ кон ветената земја животот го губат во исклучително сурови услови.

Мигрантското прашање е слоевито бидејќи од една страна е потребата на европските држави да ги заштитат своите граници, од друга е прашањето за човековите права и условите во кои мигрантите живеат.

Извор: МИА