Додека се зголемува загриженоста дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе издејствува дистрибуција на неодобрена вакцина против коронавирусот, Европа неволно се подготвува да го стори истото, тврди „Политико“.

Засега е паузирано тестирањето на Оксфордската вакцина во третата фаза поради неочекувани и чудни нус појави кај волонтерите по примањето на вакцината.

Русија е првата земаја која регистрираше вакцина против КОВИД19 за која се тврди дека создава антитела и е дистрибуирана за користење и кај цивилно население.

Поради сомнежот на СЗО кон руската вакцина, Европа се подготвуваше првата вакцина да ја увезе од САД, но според досегашните информации таа не е лиценцирана и безбедна за употреба.

Извор: Нова Македонија