Експертите од регионот предупредуваат дека опасноста од ширење на вирусот најмногу ја носат три категории на граѓани.
Тие обично се асимптоматски случаи и заразата ја поминуваат без сериозни нарушувања по здравствената состокба, но сепак се ризични за трансмисија на вирусот.
Се работи за: средношколци, млади до 30 години и луѓе кои се враќаат од пат во странска држава.
Средношколците обично не носат маски за време на наставата и даваат отпор кон задолжението да се носат маски на училиште, младите до 30 години често ги полнат дискотеките и ноќните клубови од каде во последно време најмногу извира заразата, додека луѓето кои се враќаат од пат во странство имаат повеќе контакти кои се непредвидливи.
Извор: Novosti.rs