Руските партнери од Евроазиската економска унија треба први да ја примат руската вакцина против корна вирусот, изјави рускиот премиер Михаил Мишустин на седницата на Евроазискиот меѓувладин совет во Ереван.

  • Веќе создаваме можности за доброволно масовно вакцинирање на граѓаните на крајот на годината. Веруваме дека нашите партнери од Евроазиската економска унија ќе бидат меѓу првите земји што ќе примат руска вакцина – рече Мустустин.

Да потсетиме, во август Министерството за здравство на Русија ја регистрираше првата вакцина во светот за спречување на новата инфекција со корона вирус, што ја направи Научниот институт „Гамалеј“ заедно со Рускиот фонд за директни инвестиции.

Извор: Спутник