Финска распореди дресирани кучиња на аеродромот во Хелсинки кои откриваат патници заразени со новиот корона вирус.

Четири кучиња од различни раси, обучени од финското Здружени за откривање на мириси, од средата почнаа со „работа“ на аеродромот во Хелсинки.

Четири месечното истражување на алтернативни методи за тестирање на Ковид-19 е проект финансиран од финската Влада.

Проектот за дресирање на кучиња кои ќе откриваат присуство на корона вирусот треба да вклучи кучиња кои преку дресурата ќе го откријат вирусот со 100% сигурност.

Извор: Сител