дома информација вест Дебар по втор пат не научи како со дисциплина до победа на...

Дебар по втор пат не научи како со дисциплина до победа на корона вирусот

721
0

Добри вести денеска во Дебар, вклучително и во општина Центар Жупа, со епидемиолошката состојба со Ковид-19.

Во последното деноноќие во Дебар е забележан голем број на оздравени лица од Ковид-19, намален е бројот на хоспитализирани лица, а четврти ден по ред нема новозаразени.

Според епидемиологот Ментор Меља, во последните 24 часа битката со опасниот вирус ја победиле 28 лица, што е досега вторпат висок број на оздравени во едно деноноќие по 14 август кога беа регистрирани рекорден број од 60 оздравени.

На почетокот на епидемијата Дебар беше општина со најмногу заразени по глава на жител, но дисциплината на дебарчани придонесе за стабилизирање на состојбата со вирусот.

Извор: Сител