Грчкиот премиер Мицотакис најави проширување на грчката поморска граница.

Имено Грција ќе ја прошири својата територија за 6 до 12 милји во Јонско море кон границата со Албанија во наредниот период.

Како што најави грчкиот премиер овој договор е постигнат преку телефонски разговор со албанскиот премиер Еди Рама.

Сепак, по проширување на ова вест во медиумите, албанската јавност се „крена на нозе“ сметајќи го чинот на проширување на границата во Јонското море кон границата со Албанија како загрозувачки за терироријата на Албанија.

Извор: МИА