дома информација вест ВИДЕО ОД ШПАНИЈА КРУЖИ НИЗ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ Еве како изгледа кога ќе...

ВИДЕО ОД ШПАНИЈА КРУЖИ НИЗ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ Еве како изгледа кога ќе се истурат 50.000 литри вино

716
0

Кога 50.000 литри вино почнуваат да бликаат од пукнатина во огромен челичен резервоар, нема сомнение дека штетата на сопствениците е огромна.

Во винарската визба „Бодегас Вититинос“ во централна Шпанија, видоа како изгледаат гејзер и река вино за неколку минути.

Видеото што се шири низ мрежите покажува како виното тече од огромен резервоар од не’рѓосувачки челик со волумен од 50 000 литри за помалку од една минута и се истура на бетонскиот под на фабричкиот круг.

По пукањето на резервоарот, можете да видите бургундски гејзер, потоа река вино, но ароматичната течност наскоро се истура од сите страни на земја и под паркирани возила.

Виното и резервоарите што се гледаат на видеото припаѓаат на винаријата „Бодегас Вититинос“ стационирана во малото гратче Виламалеа во централна Шпанија.

Винаријата е основана во 1969 година и годишно преработува шест милиони тони грозје.