дома информација вест Брзи тестови за корона набрзо ќе се продаваат низ аптеки за ефтина...

Брзи тестови за корона набрзо ќе се продаваат низ аптеки за ефтина сума на пари

1484
0

Американската администрација за храна и лекови (ФДА) издаде одбрение за употреба на брзиот тест за ковид-19 од Abbott Laboratories.

Тестот е наречен BinaxNOW COVID-19 Ag и дава резултати во рок од 15 минути, а компанијата планира да го продава по цена од 5 долари.

Комплетот за тестирање е исклучително практичен и е со изглед и големина на кредитна картичка, се вели во соопштението од производителот.

До сега во јавноста се појавија низа шпекулации околу исправноста на резултатите кои ги даваат брзите тестови за КОВИД19, но ФДА оцени дека брзите тестови се сигурни и безбедни за употреба поради што ќе се продаваат по достапни цени во аптеките низ САД.

Извор: Нова Македонија