Претставничкиот дом на американскиот Конгрес вчера донесе закон, со кој на главниот град на САД, Вашингтон (анг: Washington, D.C.), да му се даде статус на 51-та американска сојузна држава, иако републиканците и Белата куќа изразија спротивставување на таа мерка.

Соединети Американски Држави или САД (англиски: United States of America, USA) — е федерална уставна република која се состои од педесет држави и еден федерален округ, дистрикт. Вашингтон (анг: Washington, D.C.) е главен град на Соединетите Американски Држави. Името го добил по првиот Претседател на Соединетите Американски Држави. Се наоѓа во Федералниот округ Колумбија (District of Columbia односно „D.C.“), специјална област која не е сојузна држава.

Предлогзаконот беше донесен на партиско гласање, со 180 од 232 гласаа за.

Предлог-законот, со кој ќе се смени името на округот во сојузната држава Вашингтон, Даглас Комонвелт, го претстави Елеонор Холмс Нортон. Таа истакна дека Д.Ц. има околу 700.000 повеќе жители од Вајоминг или Вермонт и дека округот плаќа повисок данок од другите држави.

Имено, гласачкото право на граѓаните на Вашингтон, округ Колумбија, се разликува од правата на граѓаните во другите 50 американски сојузни држави. Вашингтон тоа не е држава, туку посебна сојузна област и како таков нема избрани претставници во американскиот Конгрес.

Трамп: Вашингтон (Washington, D.C.) никогаш нема да биде држава

Белата куќа претходно објави дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе стави вето на овој нацрт-закон, доколку му биде доставен на одобрување.

” Вашингтон (Washington, D.C.) никогаш нема да биде држава. Мислиш на округот Колумбија, држава? Зошто? Значи, можеме да имаме уште двајца демократски сенатори и уште пет конгресмени? Не. Благодарам. Тоа никогаш нема да се случи”, рече Трамп во мај.

Според CNBC, Вашингтон би имал само еден член на Домот, а не пет, како што рече Трамп.

Но, ако демократите добијат мнозинство над Белата куќа и Сенатот во ноември, Д.Ц. би можела да добие друга шанса да стане држава.

Патем, медиумите во САД проценуваат дека ова е историско гласање, прво во однос на бројот на земји по 27 години.

Извор: blic.rs