Колку повеќе чоколадо троши една земја, толку повеќе нобеловци по глава на жител, покажува студијата објавена во реномираниот американски журнал за медицина во Нова Англија.

Докажано е дека флавоноидите, моќни антиоксиданти кои се наоѓаат во какаото, зелениот чај и црвеното вино, го намалуваат ризикот од деменција и ја подобруваат функцијата на мозокот кај постарите лица, изјави авторот на студијата, д-р Франц Месерли од Универзитетот Колумбија во Њујорк.

Бидејќи чоколадото може хипотетички да ги подобри когнитивните функции на поединците, а со тоа и на целата популација, се прашував дали има врска помеѓу потрошувачката на какао во една земја и менталниот капацитет на нејзините жители, рече американскиот истражувач, не без мала доза на хумор.

Резултатите од истражувањето беа изненадувачки.

Според д-р Месерли, –постои значителна корелација помеѓу потрошувачката на чоколадо по глава на жител и бројот на добитници на Нобелова награда на 10 милиони жители во вкупно 23 земји.

Швајцарија се најде на врвот како според бројот на нобеловците, така и според количината на потрошена чоколада, рече Месерли, додавајќи дека во својата студија користел статистика од неколку производители на чоколадо.

Соединетите држави, Франција и Германија се во „златната средина“, додека Кина, Јапонија и Бразил се назад.

Единствен исклучок е Шведска, која според неговите пресметки, со потрошени 6,4 килограми чоколадо годишно, треба да има околу 14 нобеловци, а всушност ги има повеќе од двојно повеќе – 32.

Постојат две објаснувања за ова, вели д-р Месерли, не без иронија: „или Нобеловиот комитет во Стокхолм ги фаворизира своите сонародници, или ефектите на чоколадото имаат посилен ефект врз Швеѓаните“.

Сепак, американскиот истражувач се дистанцираше: „овие резултати се, секако, само хипотетички и треба да бидат подложени на детални проверки“.