Деновиве се почесто во јавност флуктуираат изјави на лекари, имунолози кои тврдат дека не може на секој поединечно да му се објаснуваат основи на имунологија, ако тој предмет се студира во неколку семестри на Медицинскиот факултет и потсетуваат дека на науката не и гајле за поединечните мислења, туку за фактите.

Класично извртување на тези. Прво, никој не бара од лекарите да организираат курс по основи на имунологија и да образоваат нација и колективитети, но во секоја нормална држава од секоја институција има лице за односи со јавноста кое стои на располагање за сите прашања кои ги поставува јавноста.

Тоа лице за односи со јавноста е делегирано од научната фела и одговара во име на науката, никој не бара секој поединечен лекар да одговара на прашањата на секоја, првата претпоставка е нели „будала“, проста, неписмена раја.
Второ, науката која се заснова на факти, се заснова и на критика и критичкото расудување и сомнежот е основата на научната дејност.

Науката не собира факти случајно како ќе и застанат фактите на пат, таа дава одговор на истражувачки прашања. Условот е да постои истражувачко прашање, за истражувањето да одговори на истото. Отука не гледам проблем во потребата на луѓето да постават прашања особено за она што го внесуваат во сопственото тело.

Трето, разбирам дека, тезата е обратно поставена. Јас мора да се вакцинирам за да го штитам другиот од себе. Само на ваков начин поставена тезата може да ми ја ограничи слободата, бидејќи мојата слобода завршива таму каде што почнува туѓата (негативно определување на слободата). Но вистината е дека, вакцините се внесуваат во моето тело и јас имам апсолутно право да се информирам што е тоа што јас го внесувам во моето тело. Ако жртвата на туѓото здравје треба да биде моето, верувам дека не се сите подготвени да ја платат таа „мисионерска цена“ на здравјето.

Четврто, лекарите кои сега изгледуваат јавно со изјави за тоа дека одговорноста во овој случај не е поединечна туку колективна, можеби треба исто така да изглезат со концепт на колективна а не поединечна одговорност, тогаш кога доаѓа до случаи на лекарски грешки, до смртни случаи на луѓе кои умираат од лекарска негрижа, до смртни случаи кои настануваат затоа што некој починал поради недостапноста на здравствените центри.

Ако јас како невакцинирана одговарам за некој од Свирипичино со кој немам шанси да имам контакт што ПОТЕНЦИЈАЛНО ќе се разболи и сум имам малте не затворско ограничување на слободата на движење за нешто ШТО НЕ СУМ ГО НАПРАВИЛА АМА ИМАМ ПРЕЗУМЦИЈА НА ВИНА ДЕКА МОЖЕ ДА ГО НАПРАВАМ, зошто малку лекарите не се обединат и околку концептот на колективна одговорност, па РЕАЛНИТЕ и АКТУЕЛНИ грешки и негрижи на свои колеги ги прифатат како лице и наличје на целата ЛЕКАРСКА фела.

Со сета почит кон лекарите кои навистина неуморно работат да зачуваат животи, но оние манекени кои влегуваат во отворени конфликти со луѓето од позиција на врховни заповедачи со нивното здравје и ги омаловажуваат меѓуредови нарекувајќи ги за глупи и необразовани се тотално разочарување. И да убаво велат и тие, НЕ ДАЈ боже баш со такви лекари да се сретнам во болница!