Што е тип на интелектуалец, тешко е да се дефинира.

Бидејќи по дефиниција интелектуалец нема префикс на групна припадност, коорпоративни наскори, организации или друштва.

Интелектуалците дејствуваат како поединци и секоја сличност помеѓу нив не е подведување под правила на групата, но секоја сличност е случајна.

Уште од античко време, претставниците на стоичката, киничката и перипатетичката школа се обиделе да дефинираат што е мудрец.

Секоја од школите имала различен идеал за тоа како треба да изгледа еден мудрец или филозоф.

Тешко е да се каже дека античкиот идеал за мудрец е целосно еквивалентен со денешниот идеал на интелектуалец.

Современи мислители исто така се обидуваат да дефинираат што е „интелектуалец“.

Францускиот егзистенцијалистички мислител Жан Пол Сартер вели дека „интелектуалец е оној што се занимава со прашања од кои не е лично тангиран, односно го посветува својот живот на прашање од општ-општествен каратер или јавни прашања“.

Антионио Грамши, пак, се обидува да го дефинира статусот на интелектуалците во револуцијата и смета дека тие се интертна сила која е нужно да се активира за револуцијата да добие некаква смисла, односно да остане забележана во историјата.

Како и да е, една дефиниција не доволна да определи што е интелектуалец, ниту функционалистичка дефиниција, односно што е тоа што му е функција на еден човек според која тој станува интелектуалец.

Сепак, ќе се обидеме да најдеме некои општи места кога станува збор за интелектуалците или статистички најзастапени карактеристики кога поединечни интелектуалци се под анализа:

  • Не дејствуваат како група 

Интелектуалците дејствуваат ВО групи, но не и КАКО група.

Тие не се синдикатна организација, коорпорација или елитна група.

Интелектуалците се потпираат само и единствено на начелата на логиката, здравиот разум и етиката и на секој проблем приоѓаат со разум, а не со страсти или емоции.

Затоа не постојат референци за „острастени“ интелектуалци дури и кај оние мислители кои на интелектуалецот гледаат како на револуционер.

  • Не работат на штета на другите  

Со самото тоа што се занимаваат со прашања за општо, а не свое лично добро, интелектуалците не познаваат корист или злоупотреба.

Кај нив не постои себичност, туку алтруизам. Но не алтруизам кој вклучува добробит на конкретни единки, туку на човештвото општо.

Интелектуалците често, за блиски луѓе и не биле баш доброчинители, напротив биле отсутни и незаинтересирани.

Но нивните дела го унапредиле човештвото во техничка, етичка или естетичка смисла.

  • Не осудуваат 

Може слободно да го заземат местото на свештениците кај кои одите на исповед.

Интелектуалците ќе ве сослушаат внимателно и без да ангажираат емоции ќе ви кажаат кој е најдобриот излез за вас.

Можеби нема да ја почувствувате нивната емпатија или емотивност која на сите ни е потребна, но и нема да наидете на осуда или на покажување на погрешен правец во животот.

  • Не ги доживуваат работите лично 

Колку и да звучи нереално, вистинските интелектуалци никогаш не ги доживуваат работите лично и нив е невозможно да ги навредите.

Тие се добро друштво и никогаш не постапуваат непредвидливо.

Стојат цврсто на своите нозе и со нив се тече по планот.

Од интелектуалецот не се очекува да ви каже да го чекате во ресторан за пола час и никогаш да не се појави, или да покаже скандалозно однесување во јавноста.

Автор: Магдалена Стојмановиќ