Од палетата на современи македонски сликари нема некој што може да се пофали со сличен талент, кој што поседува како мисје Константин Качев.
Мора да признам со нетрпение ја чекав оваа изложба, но навистина вредеше затоа што има(ше) што да се види, а и беше полна како око.
Изложбата беше насловена „Замисли зборови“ низ призмата на портретното сликарство сочинето од различни генерациски мотиви.
Есенцијалната парафна нота која се разликува Качев е минуциозно повлечената линија и експресивниот хроматски валер, кој е богат како полна чинија со убави овошки.
Се прашуваме и имагинарно одговараме кои би можеле да бидат тие замислени зборови; дали можеби тоа е ЉУБОВТА, РАДОСТА, ПРЕМРЕЖЈАТА или сосема нешто друго?
Гледајќи го портретот „Црно семе“ не ми дава мозочната ќелија сигнал, а да не се присетам на истоимениот филм од Кирил Ценевски за егејската голгота која е под чизмата на грчкиот окупатор.
Мојата бинокуларна перцепција ме сведува да размислам за портретот каде еден дел од окото е изоставен, а тоа ме подбуцнува што е суштинската идеја.
Набрекнатите вени на челото и смирениот поглед кој „блее“ кон нас и скоро продира, а густата брада како шума зема свој тоналитет.
Убавината на неговото сликарство на експериментирање вродува со плод, обработувајќи различни тематски идеи.
Во „Портретот на девојка“ вметнува неколку хоризонтални коцки со перфориран слајд на окото, кој му дава сјај на сензибилното кревко лице во контемплативен занес.
„Човекот со турбан“ е пријатна синтеза меѓу мајсторството на холандскиот вундеркид Рембрант и царот на светлосната естетика Делакроа.
Изморените очи се скоро затворени, истоштени од патосот на времето; секоја бора од брчките ја прикажува егзистенцијалната тежина.
Махерски е насликана во полусфамотен тон, а брадата со оригиналниот потпис е сложувалка на мозаичниот нацрт.
Качев на своевиден начин еквилибрира со својот слободарски дух со литерарните магови, па одеднаш пролетува и „Гавранот“ од опскурниот свет на Едгар Алан По.
Освен што е запазена симетриската димензија на портретот и клапнува во својата рамка, луцидно е вметнат пердувот на гавранот кој ја познваме неговата мудрост.
Не може да ми промакне и ренесансниот гениј од 15 век, хер Албрехт Дирер, но…
Еден портрет го проголицка сентиментот меѓу Вермер и Ботичели
Тоа е портретот на детето со сина капа, кој гледајќи не само изворно, туку и поставеноста во тричетвртински став оддава некоја релаксација.
Очите блескаат величествено како бисери во школка, носот има благ тек, а усните се како свежо колаче со јаготки.
Окерасто кафеавата нијанса е во хармоничен танц со небесно сините нијанси, додека доминантна глорификација е на париско синиот кечкет.
Во овој блескав варијабилитет еден од портретите ме потсети на деновите од младоста на Ума Турман во филмот „Опасни врски“, и секако при крајот може да го спомнеме „Женскиот акт“.
Качев прави енигма која се чини можеби јас го знам одговорот.
Дали девојката која стои како тигрица има аспирации да прерасне во жена е спремна за таков предизвик или се(уште) е во светот на децата со куклите.
И така може да пишувам уште многу за неговото сликарство, но сепак, би ги спомнал прекрасно насликаните старки, гулаби кој иако не се дел од оваа изложба вреди да се спомне за талентот кој го носи во себе Качев, а тоа е доволна виза да го поставиме како еден од бастионите на сликарските величини во Македонија.
Автор: Александар Василевски


















