Лудите идеи едноставно се множат. Читам дека бугарскиот претставник во Брисел, Андреј Ковачев, смета дека треба да се укине одбележувањето на 11 октомври 1941 година, всушност Денот на востанието на македонскиот народ против фашистичката инвазија на бугарските, германските и италијанските окупаторски сили!

А типот го поврзува со Тито и смета дека со таква историја и разбирање на нивната историја Македонците не треба да влезат во Европската Унија.

Па што велат Британците, Французите и другите европски народи кои се кренаа против фашизмот и ги слават тие денови како национални празници и светли моменти од своето минато.

А Пендаровски се чуди зошто е толку преокупиран со историјата, попрво да нема писмо за историското наследство на македонскиот народ. Кутриот!

Македонските партизани со нападот на бугарската полициска станица го започнаа отпорот кон окупаторските сили и тоа е момент кој треба да се слави и памети. Тоа е историја, учителка на животот, но Пендаровски не бил на училиште тој ден кога се зборувало за тоа.

Очигледно бил Бугарин, но намерно заборавил. Борбата против фашизмот е културно и политичко наследство на обединета Европа и само будалите и неуките типови можат да го игнорираат. Да живее Денот на востанието на Македонија!