Пред некој ден, како и секој демагог, Бујар Османи нагласи дека наместо емотивно, требало умно да се дејствува. А кој му брани на Османи умно да се однесува? Ако постои такво нешто, нека каже.

Второ, требало емоциите да се остават на страна, сеедно што од него цело време бликаат емоции, колку и да се обидува да ги сокрие. Притоа, емоциите со кои е обземен поврзани се само со неговите непосредни, лични проблеми, како и со интересите на оние за кои смета дека се негова лична сопственост.

Не ќе биде лошо (барем еднаш!) да сфати дека и другите имаат емоции. Но, за такво нешто потребна е емпатија.

Притоа, однесувањето лишено од секаква емоциија својствено е за роботизираните суштества.

Затоа, не ќе биде лошо во своето политичко однесување да ја користи најпожелната, што значи најубавата и најхуманата комбинација – умот, проследен со емоции, и емоции, проследени со ум.

Сѐ друго е само плитка демагогија, неубедлива и за оној кој со неа се служи.