Ги читам многу „експерти” деновиве, велат дека Ванчо Михајлов не бил доволно проучен од нашата наука…Можеби за нив, прв пат се соочуваат како „експерти” со неговите (зло)дела и мисли.

Иначе тие што го сметаат за голем борец за македонското прашање, треба да знаат негова е идејата за „Македонија- Швајцарија на Балканот”.

При тоа не мисли во економска, туку пред се во етничко/јазична-кантоска смисла, на комбинација од бугарски, грчки, српски и албански кантони. Се разбира Македонците во етничка смисла за него не постојат. Иначе, да кажам и тоа дека сум прочитал дека тој бил етнички Влав…