Пред неколку години аутизмот ги засегаше само родителите на деца со аутистичен спектар на нарушувања и стручните лица, но во последните години поради зголемениот број на случаи, се почести се интересите на јавноста токму кон оваа тематика.
И додека здруженијата и стручните лица покажуваат дека аутизмот е тема која треба да ја засега јавноста, се чини дека не е направен голем исчекор во нудење на системски решенија и услови за аутистичните лица.
Проф. д-р Владимир Трајковски, претседател на Македонското научно здружение за аутизам, истакна дека најголем проблем е тоа што во земјава се уште не постои официјален регистар на аутистични лица. Тоа е првиот чекор кој ќе помогне методолошки и статистички да се следат бројките и да се разбере природата на аутизмот, начинот на кој се третира и каков однос треба општеството и институциите да постават кон лицата со аутизам.
МНЗА реализираше проект „Пријателски места за аутизам“ што се спроведуваше изминатите три години и кој има за цел да испрати порака до јавноста и да издејствува промена во институциите со цел да ги прилагодат условите за аутистичните лица.
Целта на проектот е да направи попристапни места за децата и лицата со аутистичен спектар на нарушувања каде што тие навистина ќе се чувствуваат свои на своето. Тоа на пример би значело како треба да бидат регулирани светлата кога ќе се најде лице со аутистчки спектар и оти ако тоа добие одредено предизвикувачко однесување вработените да знаат дека треба да ги намалат светлата. Исто така, на пример во кино каде има силен звук или во други простори, вработените треба да знаат дека треба во таков случај да се намали звукот, или пак да имаа одредена просторија во која детето, младинецот или возрасниот човек кој има одредена предизвикувачко однесување. ќе го однесат да се смири. Тоа би било еден вид на прва помош – вели професор доктор Владимир Трајковски.
Тој истакна дека иако за да се реализраат ваквите места не се потребни преголеми средства кои би ги оптовариле нивните буџети одредени компании не ја прифатиле можноста некои од вработените да посетуваат обуки или пак да издвојат одредени.
Но, за наша среќа има доста училишта во Македонија, приватни компании, МКЦ и уште ред други кои денеска ќе го добијат својот сертификат. Тие требаше да поминат кус онлајн курс од четири модули за да научат повеќе за оваа проблематика. Повикот не завршува со завршување на проектот и ако и во идниот период има заинтересирани тие ќе можат да се приклучат – рече Трајковски