Повеќе досадно од некој што не носи маска кога треба да носи маска е некој кој носи половично маска, оставајќи го носот да ѕирка над горниот дел од неа.

Во однос на вирусното пренесување, тоа ја прави целата работа со носењето на маската бесмислена и ако сте се мачеле да ја носите, зошто тогаш барем не ја носите правилно?

Но, моите чувства се подлабоки во однос од тоа: за мене глетката на маската под носот е одвратна. Стравот од носот очигледно се нарекува ринофобија;

На медицинска веб-страница штотуку го видов носот опишан како проекција во форма на триаголник во центарот на лицето. Ова ме натера малку да размислувам, иако зборот „проекција“ е премногу крут. Јас би го нарекол форма или ако сакате испакнатост!

Г-ѓа Фејрс може да биде виновна за овие чувства. Таа беше моја наставничка по музичко на училиште. Таа еднаш раскажа приказна за концертниот пијанист кој е роден слеп, но чиј вид е за чудо обновен. Таа рече дека единственото нешто со што овој музичар не може да се помири е погледот на носот на луѓето. Ова ми остана во умот 40 години.

Се чини дека поради тоа јас не ги забележувам, па дури и особено не ги сакам носевите.

Мислам дека тоа е затоа што, вообичаено, носот се топи во лицето; маска под него делува како рамка. Тоа ја прави поизразена испакнатоста кон средишната сцена.

Изгледа како полен орган во ерекција кој е оставен да ѕирка горниот дел на панталоните. Сè е во ред. Се извинувам што ја користев таа паралела. Не заради вулгарноста, туку затоа што сум ја видел негде па сега индискретно ја пренесувам.

Додека го критикувам начинот на носење на маска за лице успеав само да купам нова преку Амазон. Заштитните маски нема да се сменат многу до овој Божиќ; веќе ги има насекаде, ама нема таква што не може да се турка под носот и да не дозволи да се покрива лицето само половично!

Автор: Адријан Чилес – колумнист на Guardian