дома прашуваме други колумна Паралелните универзуми од аспект на квантната физика: РЕАЛНОСТ ИЛИ ФИКЦИЈА?

Паралелните универзуми од аспект на квантната физика: РЕАЛНОСТ ИЛИ ФИКЦИЈА?

Колумна

697
0
Паралелните универзуми во физиката за првпат се спомуваат со познатиот мисловен експеримент на Шредингер наречен „Шредингерова мачка”.

Имено со тој експеримент кој подоцна научниците од Оксфорд го спроведоа на вируси експлицитно се покажува дека секој квантен систем (еклектрон, протон, фотон…) може да биде во суперпозиција на разни состојби, односно сите светови во кваnтната физика се во суперпозиција.

Ервин Шредингер првично го замислил својот мисловен експеримент како дискусија за EПР парадоксот, која го добила своето име со градење на акроним од имињата на неговите автори: Ајнштајн, Подолски и Розен, во 1935 година. ЕПР парадоксот ја истакна чудната природа на квантните суперпозиции, во кои квантен систем како атом или фотон може да постои како комбинација од повеќе состојби, од кои секоја одговара на различен можен исход.

Преовладувачката теорија, наречена копенхагенска интерпретација, вели дека квантниот систем останува во оваа позиција додека не стапи во интеракција со надворешниот свет или не биде набљудуван од него, во тој момент суперпозицијата „колабира“ во една од можните наведени состојби. Експериментот EPR покажа дека во таква суперпозиција може да се најде систем со многу честички разделени со огромни растојанија.

За подобро да го илустрира проблемот, Шредингер замислил експеримент со мачка затворена во кутија.Имено, се пушта фотон кон полупропусно огледало (нешто како наочари за сонце) при што се создаваат два фотони односно два света.Едниот фотон поминува низ огледалото а другиот се рефлектира во друга насока.Ако едниот фотон активира отров мачката во кутијата ќе умре ако ја погоди тој фотон а ако ја погоди другиот фотон таа ќе биде жива.

Значи за нас, се додека не погледнеме во кутијата мачката е и мртва и жива со веројатност 50%-50%.

Кога ние ќе погледнеме во кутијата веќе влегуваме во едниот свет, во т.н. „замрсена состојба” и веќе нема да се сеќаваме на ништо од другиот свет.

Оваа појава на интерференција на фотоните директно имплицира на постоење на паралелни светови.

Со интерференција тие светови се обединуваат но се губи сеќавањето на набљудувачот.

Значи постојат два света , еден каде мачката е жива и еден каде е мртва!!
Истото беше докажано и со експериментот на Хајзенберг и Мот при што алфа честичките (јадра на хелиум) при што како резултат се добива дека честичките се движат во сите правци истовремено, односно се креираат многу светови кои не се обединуваат.

Но, тука се наметнува проблемот со набљудувачот, при што познатиот физичар Хју Еверет, нагласува дека постојат безброј светови во квантната физика при што не постои разлика помеѓу набљудувачот и набљудуваното. Самото мерење е создавање на „замрсена состојба” во која набљудувачот влегува во светот на набљудуваното.

Притоа различни набљудувачи мерат различно. Односно, секој набљудувач има свој свет!! Човекот со секој свој избор или мисла креира паралелен свет!!
Ако поставиме прашање: Како е во другиот свет?

Одговорот ќе е –како да живееме во друго време!

А другите времиња се паралелни светови. Сето ова имплицира на светови каде времето тече наназад, нанапред, не тече….

Значи, ако јас сум дома затворен во мојата соба, се додека некој не ме набљудува, за надворешниот свет сум 50 % жив а 50% мртов, се додека некој не ме види, со самото гледање тој влегува во мојот свет и не се сеќава на претходните светови!!
Е тука се наметнува проблемот на космосот, затоа што космосот чисто физички не е квантен систем (микроскопско ниво). Доколку космосот може да се посматра како квантен систем тогаш дефинитивно паралелни универзуми постојат.

Нашиот свет е детерминиран , светот на класичната механика, а квантниот свет е недетерминиран (50%-50%) при што можно е да ние живееме во матрици кои ги детерминира бог.

Како бог им вдахнал на птиците (ги детерминирал)да се ориентираат по магнетното поле? Како ги детерминирал цветовите да ги привлекуват пчелите со електрично поле? Како ги прилагодил основните физички константи на земјата за да има живот?
Случајно сигурно не!

За првиот придвижувач и финален набљудувач, Бог, ние сме електрони, квантни објекти, каде важат квантните закони, како што на пример инсектите се мали за нас, така сме ние за Бог. Ако за Бог сме квантни објекти тогаш постоиме паралелно истовремено во многу светови.

Група научници, неодамна објавија студија во списанието “Nature”, при што утврдија дека може да детектираат зрачење кое во Шредингеровиот експеримент укажува дали мачката ќе умре или не.Со тоа тие докажаа дека може да се предвиди иднината и секако да се спаси мачката.

А на што тоа имплицира?

Тоа имплицира како Бог ни ги дава пророштавата преку пророците, Бог го знае крајниот исход, а бидејќи сака се повеќе луѓе да се спасат, Бог во книгата на животот однапред може да запише што да избереме.

Дали ќе воскреснеме за вечен живот или вечна смрт тоа зависи од нас и нашата слободна волја, а книгата на животот може да ја отвори само божјиот син Исус Христос и може да види кој е за каде.

Во откровението 5.9 за Исус пишува :

Достоен си да ја земеш книгата и да ги отвориш нејзините печати.

Бидејќи ние сме создадени по ликот божји, Бог е со нас и во нас, тој е алфа и омега, почеток и крај, прв и последен. (Откровение 22,13).

Гравитационите бранови(бранови предизвикани од движења на масивни тела, детектирани со LIGО експериментот) и идното откривање на честичката гравитон, предвидени од Ајнштајн, ќе овозможат единствена теорија и поглед на други димензии.Тоа беше обедибувањето по кое копнееше Ајнштајн а кое сеуште не е направено.

Сите светови ќе интерполираат( ќе интерферираат односно ќе се обединат) со второто Христово пришествие!

Тука може уште доста да се пишува за црните дупки за кои Хокинг вика дека не се така црни, како портали за другите светови, црвоточините, темната материја, феноменот дежа ву, дали и како соновите се увиди во другите светови, телепатијата, исчезнувањето на луѓе во т.н. дупки во времето.

Автор: Гоце Кузески

*Авторот е професор по физика