Со пишување на „За толкување на соништата“ (1900-1903 година), Фројд ги поставил темелите на психологијата и психијатријата врз ослободувањето.
За разлика од почетоците на психијатријата, денеска таа се инструментализира исклучиво за репресија на носителите на алтернативни концепт или епистемолошки јадра. Тоа го забележува и Мишел Фуко во „Надзор и казна“.
Психијатријата и психологијата денеска им служат на центрите на моќ да продуцираат нови сотојби и болести кои имаат за цел – ексклузија на сите кои се поинакви од мејнстримот.
Не е само психијатријата и психологијата. Целата наука се силува. Сега се прават применети истражувања кои треба да покажат дека невакцинираните се глупи, односно со јазикот на објективната наука имаа „понизок IQ“, па се силува наука да се врши експеримент со вакцините, откако секојдневно од СЗО и од терен произлегуваат различни податоци за нејзината ефикасност.
Нормално кога примерокот и времето за испитувањето на вакцината е тесно поле на евиденција, а вакцината е одобрена по итна постапка (значи без задолжение да ги помине сите процедури на проверка).
Науката која ја глорифицираат, всушност ја силуваат. За жал нема лоша наука, има само лоши научници.
Нема веќе невакцинираните да се глупави. Оти како глупави нив не можете ништо да им направите. Единствена примена на зборот е да направи осуда и психолошка пресија. Ако тоа не успева, сега ќе ги прогласат за луди.
Оти за лудите има пристап (medical approach) во психијатријата. Лудачки кошули, па хирушка лоботомија.
И нема тоа врска со фашизам дечки, ова не е арена за политички права. Тоа за по дома, ова е СЦИЕНТОКРАТИЈА, ама владеење преку на наука, а не владеење НА наука.
Не се вика тоа фашизам, старомодни сме многу!
Автор: Магдалена Стојмановиќ