Фејбук статус на претседателката на Гласен Текстилец, Кристина Ампева:

Секогаш јас и здружението сме ЗА покачување на плати, но НЕ на ваков начин.

Ова линеарно зголемување од 2800 денари не значи АПСОЛУТНО НИШТО, има колективни договори кои свесно ги избегнуваат.

Не е фер цело време да се бара за јавен сектор, а приватен го полни буџетот, и истиот тој приватен сектор колабираИмаме работници од приватен сектор кои едвај земаат минимална плата или воопшто не ја земаат, а овде бараме постојано за јавен сектор.

Ние во декември 2021 кажавме да го пресликаме црногорскиот модел и немаше сега да сме незадоволни и ќе имаше за сите достојни плати, преку ефикасни, системски и долгорочни решенија.

Но за жал, тогаш на ССМ и ВЛАДА им беше поедноставно да се сликаат и дигаат раце во име на некаква си победа за минимална плата од 18.000 денари, сега има штрајк и се шурува со различни политички партии

ИЗВОРФејсбук објава
претходниот член,Знаеме ли што и прави сината светлина на нашата кожа?
Следната статијаНаучниците пронашле остатоци од повеќе од 1200 видови инсекти во кесичките за чај!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде