Дејството се случува во „Наркодолија“, земја во која вештачки се одржува „чувство на лична среќа и задоволство“ со тоа што владата им овозможува на жителите да конзумираат супстанции кои го поттикнуваат растот на ендорфинот, серотонинот, окситоцинот, адреналинот и допаминот.

Супстанциите наликуваат на „сома“ од „Храбриот нов свет“ на Олдус Хаксли и се потполно легални и финансиски приуштиви.

Времето во кое се случува дејствтвото не е репрезентативно бидејќи времето во „Наркодолија“ скоро и да не тече, а малку промени може да се случат дури и по векови смена на календарски години.

Ликови: Сања Лукаревска – ќерка, Коста Костадинов – син, Ковачевски – син од првиот брак, Бранко Црвенковски – кум, Радмила Шекеринска – кума, Мила Царовска – учителка по сексуално воспитание во владиниот дворец, Венко Филипче – учител по свети списи, Никола Димитров – трговец од владиниот двор, Боки 13 – курирот, Стево Пендаровски – декоратер во владиниот дворец, главниот лик е Зоран Заев, а другите ликови кои ќе се појават во дијалозите се споредни.

Во владиниот дворец се случува бунт против таткото. Се подготвува „таткоубиство“. Сања Лукаревска, со прехар Електра со поддршка на кумата Шекеринска го наговара својот брат Коста Костадинов да направат таткоубиство и да го отстранат Заев од престолот.

Сања/Електра: Коста, мора да го отстраниме некако татко ни. Тој е подготвен неговата власт да ја даде на Ковачевски. Тој можеби не ни е ниту полубрат. Кој знае чие дете е тој?

Коста/Едип: О зарем ти, сестро моја можеш да го изговориш ова? За нашиот пресвет татко? Тој е татко на сите. Дури и со Боки 13 сме браќа и тоа топли, таа топлина што ја имаме како семејство ќе исчезне без татка ни.

Шекеринска: Тој го издаде и мојот татко, иако овој го спаси од протерување од кралството. Бргу заборава кој што направил за него. Ако не го тргнете од престол и вас, сопствени деца ќе ве продаде по Грција, по Бугарија, кој знае каде. Нели тато? (Му се обраќа на Црвенковски, тој е воздржан, со далечен поглед кон прозорецот зема течна сома за подобрување на расположението).

Од некаде се појавува Царовска – учителката по сексуално образование. Го наслушува нивниот разговор.

Царовска: Јас навистина не можам да поверувам како може татко ви, да планира друг човек на престолот, а не некој од вас двајца. Детето од првиот брак и воопшто не личи на него. А и во тој период постојано инсистирав на ставање кондоми при секс, не е можно детето да се направило туку така. Тој период, јас толку инсистирав на кондоми што им предложив да парадираме и со кондоми во боја да го украсиме нашето мало кралство.

Филипче се обидувал да ја најде Царовска низ дворецот за да се напијат кафе. Така барајќи ја низ дворецот случајно влегува во дневната просторија каде се случува дејството.

Филипче: Се согласувам со ова што го рече Мила, па јас постојано инсистирам на тоа свето тројство – кондоми, лубриканти и ракавици. Само така можеме да се спасиме од оваа епидемија на новороденчиња за кои веќе и не знаеме која мајка ги родила, кој штрк ги донел и КОЈ татко ги напраправил. Тоа му го зборувам на владетелот постојано, знаете дека сум мантрист.

Додека се случува дејството во дневната соба на владиниот дворец, декоратерот – Стево Пендаровски ја украсува новогодишната елка и внимателно ги реди светилките низ дворот. Тој е незадоволен од начинот на кој биле поставени фикусите пред неговиот ангажман како декоратер, па со сите сили се обидува да ја исправи грешката на претходниот декоратер во кралскиот дворец.

Додека се разговара за таткоубиството на Заев, се појавува и дворскиот трговец Димитров. Со полна кеса соми влегува триумфално во дневната соба.

Димитров: Јас не дозволувам татко ви да се симне од власт (и се обраќа на Сања и Коста). Се додека сум жив, тој ќе биде тука. Па со него ги правиме најдобрите зделки, постојано наоѓаме нешто што може да се продаде. А и што ќе ни е, кога тоа што го продаваме нема материјална вредност. Ало бе им продаваме и ветар и магла. А вие сте се загрижиле да не го земе Ковачевски престолот. Па кој и да го земе трговијата оди понатаму, ние имаме уиграна шема бе дечки. ДЕТЕ, дај ваму тобрата да видат што е бонбона бизнис (саткастично изговара и гледа накај кумата Шекеринска).

На врата се појавува Боки 13 со Луј Витон чанта полна со пари и гледа право во Коста. Заљубениот поглед го прекинува Димитров.

Димитров кон Боки: Дај тоа парите и губи се. Ти одиш на жртвеник. Некој мора и да се жртвува за прпавдата.

На крајот се појавува и таткото Заев, за рака го носи својот престолонаследник Ковачевски.

Заев кон присутните: На кого ми личи детето?

Дел со муртење, а дел со восхит гледаат кон синот од првиот брак.

Ковачевски се крие зад Заев, образите му руменеат, додека Заев гордо извикува:

Тој е мојот престолонаследник кој никогаш нема да го убие татка си.

Од декоратерот порачува да се изработи слика во голема рамка со својот лик која ќе стои над креветот и трпезарискиот стол на Ковачевски.

Крај на сцена 1 

Автор: Магдалена Стојмановиќ