дома прашуваме други Млади сликарски таленти во Македонија

Млади сликарски таленти во Македонија

Критика на Алек Василевски

1366
0
Пред нешто повеќе од месец дена се одржа изложба во средно уметничко „Лазар Личеноски”. Првичниот впечаток и оценка од моето присуство на изложбите: одлични цртежи, слики по мој вкус, раскош од таленти.

Од сите излагачи најголем впечаток ми остави талентираната Бојана Николова со својот пастелен акт и прецизно дефинираната линија изработен со голема самодоверба, кој за жал се поретко се сретнува во современото сликарство. Нејзината стилска техника потсетува на валерот од галскиот маг Едгар Дега, но нејзиниот талент не застанува тука. Од разговорот со неа осознав дека има умешност која владее и со други техники што впрочем се осведочив во стилизацијата на компјутерската анимација, калиграфски прецизирана во дослух со јапонските Аниме, но таа подеднакво ја владее и акварелната техника како и другите. За неа не е проблем да ги отслика контурите на портретните ликови, а на мое големо изненадување но и восхит мотивот на калинките кои беа изработени во хипер реализам ја доловуваа автентичноста низ нејзината диоптрија.

Скоро, но не и да заборавам, анатомијата на човекот е најтешка техника за совладување но и перцепција да се долови третата димензија, „уметнички” кажано скратување а тука секој мускул анатомски беше прецизнo следен од вештото око на Бојана, сликарски бисер за пофалба која доколку продолжи да работи подеднакво со ентузијазам како до сега со сигурно можеме да потврдиме не и бегаат сликарските височини…

Јана Николовска од друга страна негува маниристички пристап на грациозност, а тоа е рефлексија во нејзиното дело „Принцезата, без претензија смел приказ. Хроматската визура на еланот на делото Принцезата можеби доловува стихиски бранувања низ вителот на животот меѓу хармонијата и агонијата.

Третата учесничка која се претстави со својата оригиналност не само со сликарски параф но и со имиџот на нејзината бунтовност беше Ива Лабовска, харизматичната панкерка која ми спомна не е сигурна во целост дека го извела првенствено она што го осмислила, но финалниот исход според мене беше на футуристички спектакл 3Д. Всушност Ива ми ја покажа нејзината оригинална визура на анархична панкерка која седи и во раката држи цигара.

Јована Петрушевска, се претстави во комбинирана техника пастел туш со дводимензионални актови кои навидум лебдат, сакајќи да ги разрешат ребусните загатки.

По завршента изложба се вратив полн со ентузизјазам и инспирација, а заклучокот беше едноставен, сепак има надеж во еланот за македонско сликарство сочинето од поедини сликарски таленти.

Пишува: Алек Василевски