До средината на март 73% од граѓаните немале прележано ковид, покажува анкетата на Владата спроведена од агенцијата Индаго.

Според неа, 73% од анкетираните рекле дека ниту тие ниту некој од нивното семејство не го прележале вирусот.

Истата анкета покажува дека 51% од граѓаните планираат да се вакцинираат, 18% се уште не донеле одлука додека 28% не планираат да примат анти ковид вакцина.

Граѓаните најмногу ја преферираат руската вакцина. 65% рекле дека претпочитаат да се вакцинираат со Спутник В, 61% се определиле за Фајзер а 50% за Синофарм. Астра Зенека ја избрале 34%

Според истата анкета во Македонија се уште има 11% кои сметаат дека корона вирусот не постои и 3% кои не знаат дали постои.

Анкетата е спроведена телефонски во периодот од 8 до 16 март врз репрезентативен примерок од 1100 испитаници.