Утре со почеток во 12.00 часот започнува со работа првото балканско, мултикултурано, интеркултурно и мултилингвално радио со седиште во Скопје.

Модератори на настанот ќе бидат – Бобан Јовановиќ и Магдалена Стојмановиќ. Програмата ќе се реализира на српски и на македонски јазик.

Бобан Јовановиќ, кој воедно е и идеен творец на проектот ќе ги презентира мотивите, замислите и целите на Радио МОСТ.

Во програмата во живо ќе има и вклучувања од неколку балкански држави.

24 часовната програма на Радио МОСТ може да ја следите на www.radiomost.net

 

ИЗВОРМој збор
претходниот член,Колку луѓе во Македонија до сега прележале ковид?
Следната статијаТроен мутант на коронавирус пристигна во Европа

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде