Досега во Македонија, минималец земаа најчесто луѓе кои работат во фабрики, во приватен сектор каде што експлоатацијата на трудот е секојдневие и Закон за работни односи се крши повеќе одошто се менува времето во март и сега кога конечно стигнаа до минимална плата од 18.000 денари која повторно е мизерна во однос на трошоците што ги носи секојдневието, се јавија културни работници, А.Д. Пошта, образование, администрација од секое гнездо во Македонија, пошто имаме повеќе управа одошто имаме што да се управува. 

Како бе не ви е срам, вас што цел живот земате пари на клати врата земај плата од буџет кој со кожа го плаќаат работниците од фабрики и приватен сектор, сега да се позиционирате како обесправени пошто еве они земале, а вие не? Па ако толку сте обесправени, одете работете во фабрики, црнчете во приватно со три смени заедно со празници и делници кои не ви се платени, таму сигурно нема да бидете обесправени. Не мора ни на штрајк да одите, слободно дајте си откази, не се сомневам дека ќе бидете заменети. Само полоши не може да се најдат…

Тоа не се вистински работници, тоа се лешпери, црвена буржоазија на современието. Со секое мое посетување на администрација во било која институција, со чест на исклучоци кои се многу многу ретки, си го потврдувам тоа и не знам зошто воопшто вистинските работници и синдикати дозволуваат вакво шлепање на нивен грб. Цел живот им се шлепаат тие од администрација и од високото Добро утро, ги третираат како задњи гомна кога ќе дојдат со валкани раце од чесна работа да потпишат некој документ кај нив и сега се тие обесправени зошто вистинските работници земале минимално покачување на платите кое повторно е мизерно???

Се додека чесната работничка рака се третира како болно ткиво на оваа општество, а се глорифицираат лажни вредности персонифицирани во шалтерски средновечни тетки со кило лак на косите и свежо пластифицирани нокти, нас нема да не биде. Како народ се давиме во сопствената глупост и уште не ми е јасно како досега сме опстанале во ваква вукојебина.

Став на Магдалена Стојмановиќ