дома прашуваме други Филипче се заблагодари на медицинскиот персонал за придонесот во борба против епидемијата

Филипче се заблагодари на медицинскиот персонал за придонесот во борба против епидемијата

Министерот за здравство, Венко Филипче редовно се заблагодарува на медицинскиот персонал за неуморната работа и придонес во борбата против епидемијата.

408
0

На фејсбук статус на министерот за здравство, Венко Филипче редовно се појавуваат фотографии од медицински лица на кои се гледа оштетување на нивното лице од носење на маска и замор.

Во описот на фотографиите, министерот за здравство искажува благодарност за нивната неуморна работа во борбата поритв епидемијата, но и повикува да се почитуваат мерките за здравствена заштита за да се намали бројот на новозаболени и да им се олесни работата на лекарите.

Интегралната објава на Филипче во продолжение:

  • Колеги, Ви благодарам што секојдневно се борите за секој живот! Ви благодарам што се грижите за здравјето на нашите пациенти, родители, роднини, пријатели, давајќи сѐ од себе во справувањето со ковид-19. Ги повикувам сите граѓани да им ја олесниме работата и да ги почитуваме мерките за заштита без исклучок! Да бидеме одговорни со носење маска, одржување физичка дистанца и често миење на раце. Тие ја заслужуваат поддршката од сите нас.