дома информација вест Лиценца за руска вакцина добија Индија, Бразил, Јужна Кореја и Кина

Лиценца за руска вакцина добија Индија, Бразил, Јужна Кореја и Кина

Бразил, Индија, Јужна Кореја и Кина ќе произведуваат вакцина против корона вирус според лиценца „Спутник 5“

323
0

Руската вакцина против коронавирусот „спутник 5“ ќе се произведува во Индија, Бразил, Јужна Кореја и во Кина, објави генералниот директор на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитријев.

Потврдуваме дека ќе можеме да испорачаме големи количини во декември. Ќе произведуваме во Индија, Бразил, Кореја, Кина и во уште една земја – рече Дмитријев, цитиран од ТАСС.

Претходно Кирил Димитријев објави дека руската вакцина први ќе ја добијат државите кои имаат блиска соработка со Русија.

Иако Русија регистрираше прва вакцина против КОВИД19, здравствените организации во светот покажаа сомнеж во нејзината ефикасност поради брзината на откривање на вакцината и непостоење на доволно податоци околу начинот на тестирање на истата.