дома прашуваме други Филипче наоѓа вина само кај пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ за лошото справување...

Филипче наоѓа вина само кај пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ за лошото справување со епидемијата

Фејсбук статус на Венко Филипче

41
0

Филипче смета дека лошото справување со епидемијата е последица на блокадите што ги прави опозициската партија преку својата структура на заменици министри и пратеници и на тој начин собира дневно-политички поени на сметка на загрозување на здравјето на населението.

На својот фејсбук профил Филипче уште еднаш се огласи по повод блокирање на процедурата за изгласување на промени во Законот за заштита на население преку што треба да се дозволи имплементирање на уште неколку предлог мерки на Комисија за заразни болести.

Интегрална објава на минситерот за здравство во продолжение:

Најостро реагирам на повторниот обид на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести и новите мерки за превенција од понатамошно ширење на вирусот. Ова е смислен и тенденциозен обид за дневно-политички поени кој директно го загрозува здравјето на населението.

Од почеток на ковид кризата во земјата, од опозицијата не видовме ништо друго освен неконструктивно делување, опструкции и критики кон сите кои даваат максимални напори во справување со вирусот во земјата.
Имено, токму заменичката министерка за финансии во техничката влада од редовите на ВМРО-ДПМНЕ со месеци го одолговлекуваше и воопшто не го ни потпиша заемот од Светска Банка и со тоа практично го запре процесот на спроведување на проектот за брзо дејствување против последиците од кризата предизвикана од ковид-19. Заемот беше наменет за поддршка на здравствениот систем и подготовка на дополнителни болнички капацитети за есенскиот бран, кој ние го најавивме, а сега и се соочуваме со истиот.

Уште една во низата постапки со кои тие ја потврдуваат својата деструктивна политика и фактот дека последното нешто на што размислуваат е здравјето на граѓаните е постојаното дискредитирање на Комисијата за заразни болести, омаловажувајќи ја и експертизата на членовите и нивниот труд во справувањето со кризата.
Барањето за формирање на нова Комисија која ќе ја избира Собранието е само начин да се прикаже наводна грижа и конструктивност и истото е целосно неиздржано. Во Комисијата за заразни болести членуваат врвни професионалци, експерти во својата област. Од почетокот на кризата, сите одлуки, препораки и мерки на Комисијата за заразни болести се носат врз издржани епидемиолошки анализи и единство во интерес на заштитата на здравјето на граѓаните.

Уште еднаш повикувам на разум и одговорност, јавното здравје е над партиските интереси. Вирусот не чека, мерките мора да се донесат во најкус можен рок.

Извор: ФБ статус на Венко Филипче

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде