Постојат периоди во животот на секој човек кога се чувствува изморено континуирано, нема волја да ги зарши и минималните и нужни секојдневни обврски. Постојат и екстремни случаи кои бележат примери на луѓе кои едвај може да станат од постелата во одредени денови. 

И додека лекарите ги наведуваат можните причини за исцрпеност – од вирози, преку недостаток на суплементи, до хипотензија, психолозите говорат за психолошки состојби кои го предизвикуваат субјективното чувство на замор. Еден од типичните показатели на депресијата е токму субјективното чувство на исцрпеност.

Во суштина не мора да постои некоја причина која треба медицински или научно да се дијагностицира за пренагласеното чувство на замор. Напротив тој често знае да биде последица и од обична немотивираност.

  • Мотивацијата е често поврзана со ризик 

Луѓето се најмногу мотивирани тогаш кога се изложени на некој ризик кој сакаат да го избегнат. На пример доколку едно семејство се наоѓа во ризик од сиромаштија, неговите членови често добиваат неописива мотивација за работа дури и по неколку работи паралелно се со цел да не го доведат опстанокот на семејството под прашање.

  • Здрав натпревар мотивира 

Натпревар значи и рангирање, но и наградување поради што поединците често се мотивирани да го дадат својот максимум. Но доколку натпреварот не е здрав, во смисла дека не се води согласно правилата и често, а неправедно победува некој, тогаш суровиот натпревар може да биде и исклучително демотивирачки фактор за поединците.

Затоа добро испитајте ги условите и стандардите на натпревар пред да се впуштите во него и да изгбегнете разочарувања.

  • Постигнувањето на нови успеси 

За луѓе кои се веќе афирмирани во одредена област, идејата за постигнувањето нови успеси често знае да биде проследено со недостаток на мотивација, но доколку си создадете нов предизвик на пример – курс по шпански јазик кој ви е потребен за нови квалификации и достигнувања, тоа може да ви биде дополнителна мотивација.

Предизвиците често делуваат мотивирачки на луѓето па затоа е препорачливо често тие да се поставуваат, да се менуваат работни места, средини или области во кои треба да се афирмирате.

Автор: Магдалена Стојмановиќ